На повикот на легализација

„Билка“ обвинува дека еден месец не добиле одговор на бараната средба со Заев, Филипче и Маричиќ за канабисот

Здружението за канабис и зелени политики „Билка" го изразува своето огромно разочарување од, како што велат, игнорантниот однос на извршната власт. И покрај едномесечното чекање и упатени официјални повици за средби по писмен пат до премиерот Зоран Заев, Министерот за правда Бојан Маричиќ и Министерот за здравство Венко Филипче, од „Билка" велат дека не добиле ниту повратен одговор, ниту остварување на средби.

„Очигледно е дека заложбите за декриминализација и легализација се декларативни, а и евидентно е дека извршната власт е селективна односно сака да соработува само со Здруженија на граѓани кои се подготвени да клатат со главите занемарувајки ги потребите на граѓаните и пациентите, а давајки подршка на квази легализација на канабис која се подготвува, а која во пракса ќе биде монополизација на пазарот", се вели во реакцијата на „Билка".

Од здружението бараат декриминализација на канабис преку измени во Кривичниот законик, со дозволена количина за лична употреба од 50 грама, во услови кога нема други елементи на продажба.

Барање имаат и за бришење и на кривична евиденција на сите уживатели на канабис, за кои според нив се илегално гонети по упатство од Обвинителството.

„Билка“ бара и легализација на канабис како нормален тек по декриминализацијата. 

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе