AMСМ

Без забрана за сообраќај за камиони на патот Маврово-Дебар

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар, соопшти утринава Авто мото сојузот на Македонија. Забраната е укината од 6,45 часот.

Утринава е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Битола-Ресен преку планинскиот превој Ѓавато

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива непречено по претежно влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашест снег на коловозот и по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе