Арсовска со нов мандат во Глобалниот комитет на жени лидери

Глобалниот комитет на жени лидери ги објави новите членови на бордот. За претседателка е избрана Колинда Грабар-Китарович, поранешна претседателка на Хрватска, додека Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела продолжува со нов мандат како член. Во бордот повторно има Македонка, претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска.

Арсовска пред две година стапи на највисоката позиција во раководството на World Chambers Federation, која раководи со стопанските комори од целиот свет.

Глобалниот комитет е составен од уште 11 светски познати членови, влијателните жени лидери во светот, со цел да ги адресираат предизвиците на денешницата, да поттикнат соработка и да генерираат нови идеи.

„Новиот мандат во Глобалниот комитет на жени лидери е гордост лично, но и професионално бидејќи верувам сега е видно дека можеме заедно да промениме многу и да придонесеме за општо добро. Искористување на колективното знаење, вклучување во критични теми и генерирање иновативни решенија ќе бидат дел од заедничките напори да се придонесе за постпандемично економско закрепнување на светот. Нашите напори сепак не можат да резултираат со успех доколку не се послушаат препораките. Со деловниот сегмент на лидерите од групата земји на Г20 работевме на препораки за политики кои е потребно да се имплементираат, но истото треба да го сторат и помалку развиените земји. Да ги стават во функција знаењата кои можат да придонесат до побрзо економско закрепнување”, изјави Арсовска

Колинда Грабар Китаровиќ на назначувањето истакна дека жените долги години се борат за своето заслужено место во глобалните економски текови, но сепак кога ќе се погледнат бројките особено во корпоративниот свет, жените се малубројни.

„Жените е потребно економски да се зајакнат. Постигнуваат чуда на многу полиња, но сепак не се изборени за еднакви можности во сите делови на светот. Жените се неискористен извор на енергија, промотори на мир и безбедност и поттикнувачи на социјален и економски развој. Нивното учество во креирање политики е круцијално за развојот на добро управување и демократијата. Позитивниот придонес на жените за одржлив развој е незаменлив, кога им се овозможува еднаков пристап до ресурси и можности, за што е потребно да се вклучени во процесите на носење одлуки. “, истакна Грабар-Китаровиќ.

Глобалниот комитет на жени лидери е посветен на искористување на уникатниот пристап на влијателни жени лидери во светот, креатори на политики, претприемачи и уметници – обединувајќи ги своите знаења со цел да генерираат иновативни решенија cо цел придонес кон зајакнување на светската економија.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе