Анима мунди: Државата изигрува шериф и стимулира размножување на улични животни

Инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) одат по ветеринарни амбуланти и усно даваат забрани ветеринарите да извршат стерилизација и/или микрочипирање на бездомно куче, доколку им го донесе активист или граѓанин. Ветеринарите под притисок од инспекции и казни, не стерилизираат и не чипираат бездомни животни, иако тоа е единствениот начин за воспоставување на контрола на популацијата на бездомни животни, помогната од страна на граѓаните, велат од Анима мунди и прашваат: кому му одговара да се множат бездомни животни?
Бараме одговор веднаш, кој и согласно кој закон изигрува шериф, заплашува, спречува стерилизации кои ги плаќаме од сопствен џеб,

„Бараме одговор веднаш, кој и согласно кој закон изигрува шериф, заплашува, спречува стерилизации кои ги плаќаме од сопствен џеб, оневозможува да чипираме/вдомуваме што е исклучиво во интерес на градот, граѓаните, државата; во интерес и на сите кои седат во институции, а ние им го одработуваме она за што се платени! Се оди во насока да животните скапуваат, умираат пред наши очи, но да никој од граѓаните не смее да им помогне, стерилизира, ги вдоми. Размислете, кој не сака да ги тргне животните од улица? Kому му одговара да има кучиња на улица?“, велат од Анима мунди и го поставуваат прашањето:

Зошто државата има против активистите да ги стерилизираат и вдомуваат бездомните животни?

„Бараме итно АХВ, директорот да се оградат и осудат јавно ваквите постапки со кои бескруполозно се крши закон и нанесува штета на животните, граѓаните, целата држава! Сите инспектори кои злоупотребуваат работна позиција во иднина ќе ги посочуваме со име и презиме, јавно“, предупреди организацијата.

Според Анима мунди, мачењето и убивањето на животните евидентно не ги интересира инспекторите на АХВ, ги нема никаде кога тие пријавуваат дека поединци или институции плаќани од народни пари прекршуваат закони, убиваат животни или ги држат нехумано; но и дека се подготвени во секое време 24/7 да влезат во приватни домови на активисти, кои пријавувале нерегуларности во работењето на АХВ и кои со години години наназад на своја добра волја го решаваат проблемот со бездомните животни, преку згрижување, лекување и вдомување на истите.

Од Анима мунди велат дека месецов инспектори од АХВ вршат инспекциски надзор во домови на активисти, предизвикуваат стрес на нивните семејства под наводни анонимни пријави или лажни пријави од непостоечки здруженија.

„Замислете, спасувате - од улица - бездомно куче или маче, го лекувате, згрижувате, плаќате со сопствени пари за секоја интервенција (која во нормална држава би била покриена од институциите), и за тоа ви се појавуваат инспектори од АХВ на врата, да ве проверат и да ве казнат! Дури, информирани се дали сте дома или во странство. Доаѓаат еднаш, доаѓаат повторно.

„Се обраќаме јавно и бараме официјален и јавен одговор од директорот на АХВ Николче Бабовски со кој памет, каква интенција, согласно која законска одредба и конкретно, по чии наредби се демнат активисти? Само Анима Мунди за првиот квартал од 2022 година има испратено 17 пријави до ветеринарните инспектори за неодговорно сопствеништво, брутално мачење и малтретирање на животни, изгладнување, не пружање на нега и помош - ниту една е не е решена во корист на животното. Обемна е низата злоупотреби и неправилности во работењето на АХВ, институција која наместо да биде клучна во надминувањето на проблемите со бездомните животни, се констатира како клучна за постоење на овој проблем! Исклучувањето на граѓаните и нивниот доброволен ангажман и помош за доброто на животните е погубно за оваа средина каде токму граѓаните најмногу помагаат и континуирано, со сите расположиви ресурси придонесуваат бездомни животни да има помалку, со цел еден ден воопшто да нема“, се нагласува во соопштението во кое се изразува уверување дека станува збор за злонамерно, наменско дејствување со цел да се обесхрабрат, уплашат и запрат активистите.

Зошто АХВ сака да има бездомни животни на улиците, кој и каква корист има од нивното страдање, размножување без контрола - тоа е темата со која во наредниве денови темелно ќе се позанимаваме, се вели на крајот од соопштението.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе