Анализите утврдија дека водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата за пиење во Скопје одговара на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, посочуваат резултатите од неделниот лабораториски извештај на ЈП Водовод и канализација Скопје согласно анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.01.2022 до 21.01.2022 зема 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места во град Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18), наведуваат од ЈП Водовод и канализација.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе