АМСМ информира за состојбата на патиштата

Во прекин ќе биде сообраќајот на патниот правец Кочани - Пониква. Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно возење на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради одржување на меѓународен авто натпревар за ФИА-ЦЕЗ (ФИА-Централно Европска Зона) на 14.05 и 15.05, патниот правец Кочани – Пониква ќе се затвора за сообраќај и двата дена од 11:00 до 16:00 часот.

Сезонски режим на сообраќај: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

Работи на пат:  „Виадукт трејд" Гостивар“ известува дека согласно Одобрението издадено од страна на Министерството за транспорт и врски се продолжува времената измена на режимот на сообраќај при изведба на грaдежни активности – рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница. Времетраењето на времениот режим на сообраќај е до 15 Јули 2022 год. Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД, Гостивар.

Според информација од Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар, од вторник 05.04.2022, ќе започнат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар и ќе има комплетно затворање на овој дел од патот, секој ден од 10 – 14 часот во следните 6 месеци. Градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар.

Ве известуваме дека поради изведување на санациони работи од 07.03.2022 година, мостот на река Кумановка на Р1204 делница Куманово – Свети Николе во наредните 6 месеци ќе биде затворен за сообраќај.

"Стентон градба ДОО" известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности на 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

ГД Гранит АД Скопје известува дека на делницата ГП "Блаце" – Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП "Блаце" до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, пред Граничниот Премин "Блаце" од 15.02.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Страбаг АГ известува за времена измена на режим на сообраќај на државниот пат А1 делница Велес – Неготино, за изградба на клучка Градско како дел од автопатот А1. Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско на автопатот Е-75, ќе може да се вози по возната сообраќајна лента и лентата за застанување, додека нема да може да се вози по сообраќајната лента за претекнување. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, и во правец кон г. п. Богородица и во правец на г. п. Табановце. Пренасочувањето на сообраќајот ќе трае од 17.11.2021 год. во следните 7 (седум) месеци.

ДГТ Жикол гизвестува дека поради изградба на наплатните станици на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, односно на делниците Кадрифаково и Преод, сообраќајот се одвива согласно одобрениот времен режим.

ДГ Бетон АД – Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец – Катланово (во двата правци). На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој.

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

ГД Гранит врши рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево – Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Се изведува делница по делница во должина од 1 км. Сообраќајот при изведување на работите се одвива по една сообраќајна лента.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе