АМСМ: Делниците Тетово - Попова Шапка и Крак Маврово - Жировница затворени за камиони

Забрана за тешки товарни возила утрово има на патниот правец Крак Маврово – Жировница, како и на  патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде дополнително забраната важи за камиони и автобуси, а за останатите е задолжителна употребата на зимска опрема.

Според информациите од АМСМ, патниот правец Македонски Брод – Скопје, кај село Близанско сѐ уште е блокиран за сообраќај за сите возила, поради одрон на патот.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Поради голем број на одрони на патните правци Делчево-Кочани, Делчево-Пехчево и Делчево-граничен премин Делчево се препорачува да не се користат овие патни правци без поголема потреба“, велат од АМСМ.

Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе