За бомбардерите што летаа над Скопје

Американската амбасада: Како и обично, Русите си играат со вистината, ни снимките не се реални

Русија си игра со вистината, а притоа не користи ни вистински снимки и фотографии, соопшти денеска американската амбасада во Скопје откако руската амбасада вчера на Твитер објави дека двата американски бомбардери што вчера прелетаа над Скопје во знак на поддршка и добредојде за земјава во НАТО биле пресретнати од руски ловци сухои над Балтичко Море.

„Како и обично, си играат со вистината и се обидуваат да го одвлечат вниманието од историското достигнување на придружувањето на Северна Македонија во НАТО - дури и не користат вистински снимки или фотографии. Еве што всушност се случи“, напиша Амбасадата на САД во прилог на соопштение на американското воено воздухопловство.

„Два Б-1Б лансери од воздухопловната база Елсворт, Јужна Дакота, спроведоа долгодострелна, долготрајна стратегиска мисија на бомбардерска единица низ цела Европа и регионот на Црно Море на 29.5.2002 година.

Ова беше првпат мисија на бомбардерска единица да се обедини со украински Су-27 фланкери и МиГ-29 фулкруми и турски КЦ-135.

Во летот имаше и обука за интеграција и интероперабилност со полски Ф-16 и МиГ-29 и романски Ф-16 и МиГ-21, кои обезбедија придружба и заштита од борбена патрола во регионот на Црно Море.

Стратотанкер КЦ-135 од 100-то крило за полнење гориво, РАФ Милденхал, Англија, турски и американски КЦ-135 од воздушната база Инџирлик, Турција, и други авиони за полнење гориво на НАТО, му овозможија на Б-1 без одлагање да го заврши кружното патување од Воздухопловна база Елсворт, истовремено обезбедувајќи и полнење гориво во лет.

Освен тоа, Б-1 се обедини и со Ф-16 на грчкото воздухопловство за прелет над Скопје“, се вели во соопштението на американското воздухопловство за Европа и Африка.

„Мисијата на бомбардерската единица им покажа на нашите НАТО-сојузници, вклучувајќи ја и нашата најнова членка - Северна Македонија - дека овие стратегиски мисии ја зголемуваат подготвеноста и обуката неопходна за да одговорат на секоја потенцијална криза или предизвик низ целиот свет“, рече генералот Тод Д. Волтерс, командант на американската европска команда. „Интеграцијата и интероперабилноста со нашите сојузници на НАТО за време на овие мисии, без оглед дали тоа е воздушна поддршка од танкер или придружба со ловци, се неизбришливи акции што покажуваат дека Алијансата е силна како и секогаш“.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе