„Во моментов во РСМ Социјални домови, со површина од 35,00 м2 до 50,00 м2 се планирани за градба во Скопје, Дебар, Пехчево, а во фаза на градба се во Скопје - Бутел, Велес, Ѓевѓелија, Неготино, Пробиштип, Демир Капија, Кочани, а доизградени како социјални станови во Свети Николе, Виница, Гостивар, Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Ресен, Штип, Кочани, Берово, Каменица, Кавадарци, а Струга никаде и за ни еден дел.
Во општина Струга уште од времето на монизмот нема програми за изградба на социјални станови, скоро ниту една.
Се поставуваат прашања:
1. Државното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простори која има Подрачна организациона единица во Струга не пројавило интерес или ја оставил Струга во заборав?
2. Локалната самоуправа, општина Струга веќе нема градежни парцели за таа намена или ги има резервирано – за да ги користи за нивната бизнис - групација?
3. Зошто 20 години власт градоначалникот на општина Рамис Мерко не работел - нема предвидено ни локација за изградба на социјални станови, за помош на социјалните семејства и младите, како што се прави со општините како погоре во РСМ?
Затоа за доброто на Струга како туристички град, достоинството на човекот и семејството, надежта на младите, засукајте ги ракавите и почнете да се занимавате со проблемите и потребите на граѓаните во општина Струга во целина бидејќи за тоа вие имаат добиено мандати и сте платени од народните пари“, стои во реакцијата од Алијанса за Албанците-Струга.