Алабаковски со порака: „Народе мој ви благодарам за вашата искрена поткрепа“

Пејачот Ламбе Алабаковски денеска за првпат се огласи во јавноста откако беше приведен за палењето на влезот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов" во Битола. Преку објава на социјалните мрежи тој се заблагодари за поддршката што ја добил.

„Народе мој ви благодарам за вашата искрена поткрепа! Ве љубам до длабочината на срцето и душата!", напиша Алабаковски во објавата.

Алабаковски е осомничен за пожарот од 4 јуни и беше приведен вечерта на 6 јуни.

Наредниот ден тој доби осумдневен притвор, но по неколку дена беше пуштен во куќен притво. 

Откако му заврши осумдневниот притвор пејачот излезе на слобода, но му беше одредена мерка на претпазливост, одземање на пасошот.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе