„Црниот чад од палењето на депонијата веќе два дена ги труе локалните жители и не само, сето тоа го докажуваат и резултатите од мерењето на загаденоста на воздухот.
Се поставува прашањето: колку концесионерски компании има? Имаше ли транспарентност при доделувањето на договорите за концесија? Дали инспекторатот за животна средина си ја врши работата?
Додека сите чекаме одговор и крај на оваа грда ситуација, едно е сигурно: лицемерието на ДУИ, и нејзината квази „Зелена агенда", го држи во заложништво здравјето на жителите на Лабуништа и пошироко,“ велат од Алијанса за Албанците.