Разно

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и малку потопло, попладне од запад ќе се прошири зголемена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а понекаде во пониските места врнежите ќе започнуваат како повремен дожд кој може да замрзнува. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 12 Целзиусови степени.

28 Јануари 2022 - 06:28

Скопскиот Кривичен суд денеска му одреди притвор во траење од 30 дена на 21-годишниот скопјанец Т.М., кој вчера на булеварот „Видое Смилевски Бато" во Скопје предизвика сообраќајка со смртни последици. При несреќата, возачот на „Полото" се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место, а неговата 15-годишна ќерка, сопатничка во автомобилот, се здобила со тешки телесни повреди.

27 Јануари 2022 - 15:01

Вo Mакедонија времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, освен на запад каде ќе преовладува сончево време. Попладне облачноста ќе се намали. Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 Целзиусови степени.

27 Јануари 2022 - 07:39

Во недела на 30 ти јануари на булеварот „Партизански одреди" ќе се одржи мирен протест во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата, а со последната трагедија каде што на 20.01.2022 згасна млад живот, згасна надежта Викторија да ги оствари своите соништа, стои во онлајн закажаниот настан на социјалната мрежа Фејсбук.

26 Јануари 2022 - 22:23

На терените на ски - центарот на Попова Шапка имаме по стотина повредени секоја сезона, од кои до 30 проценти станува збор за лица со сериозни повреди за кои е потребен транспорт, вели Константин Циривири, познати и хуман алпинист од Здружението за заштита  и спасување „Асклепиј", првата и единствена организација во нашата држава членка на Меѓународната комисија за алпско спасување. Спасителите од Шапка ги посети директорот на ЦУК Стојанче Ангелов

26 Јануари 2022 - 09:43

Најстудено утрово е во Берово со -17 Цлзиусови степени и во Маврови Анови каде што се измерени -16. Во Крива Паланка е -14, во Битола и Тетово -13, во Струмица и Крушево -11, во Прилеп, Охрид, Претор, Штип, Демир Капија -10. Девет степени под нулата се измерени во Скопје и Виница, -5 во Куманово, -4 во Дојран и -2 во Гевгелија.

26 Јануари 2022 - 08:13

Времето во Македонија денеска наутро ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена, а во североисточните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -3, а максималната ќе достигне од -2 до 7 Целзиусови степени. 

26 Јануари 2022 - 06:57

Бугарската националната истражна служба го затвори случајот за несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, изјави за БГНЕС шефот на службата, Борислав Сарафов, а одговорноста за несреќата е на возачот кој управувал со автобусот.

25 Јануари 2022 - 21:42

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој по тестирањето за ковид-19 не се самоизолирал додека го чекал резултатот, туку се појави на прославата на Водици. Кривична доби и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, кој се тестирал заедно со градоначалникот и добил позитивен резултат

25 Јануари 2022 - 14:54

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица за трговија со дете, родосквернавење и силување. Во период од четири години, првообвинетиот во семејната куќа секојдневно вршел обљуба врз неговата малолетна ќерка,а потоа ја продал за присилен брак во Косово. 

25 Јануари 2022 - 14:12

Во Маврови Анови и Берово утрово се измерени -20 степени, на Попова Шапка -18, во Битола и Крива Паланка -16, Крушево -15, Тетово и Прилеп -13. Во Охрид, Штип и Виница се регистрирани 12 степени под нулата, во Дебар и Демир Капија -11, Струмица и Куманово -19, во Скопје -9, Дојран -6 и во Гевгелија -4 степени.

25 Јануари 2022 - 07:57

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната од -9 до 5 Целзиусови степени.

25 Јануари 2022 - 07:13

Вчера во 15.40 часот, од ЦУК Битола е добиена информација дека во с. Градешница е исчезнато лице со иницијали Т.Д. (77 години), кој од трлото со овци се упатил кон домот во селото Градешница, при што му се губи трагата. Во текот на денот семејството и соселаните го пребарувале теренот и по безуспешната потрага пријавено е во полициска станица во Општина Новаци и потоа во ЦУК Битола, известуваат од Дирекцијата за заштита и спасување. Но, подоцна беше соопштено дека Т.Д. од с. Градешница е пронајден и вратен во својот дом.

24 Јануари 2022 - 18:41

На автопатот Кичево – Охрид денеска во периодот од 15,00 до 16,30 часот ќе се изврши минирање, а снег со слаб интензитет врне на патните превои Буково и Ѓавато и во Битола, со силен интензитет во Маврово, информира АМСМ.

24 Јануари 2022 - 12:28

Свети Сава, 27 јануари (четврток) е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

24 Јануари 2022 - 11:56

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе