Пуштен во употреба новиот објект на Детската клиника во Козле

Новиот објект на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, единствен од ваков тип кај нас и еден од најмодерните во регионот, денеска  свечено беше пуштен во употреба. Објектот е со површина од околу 6.700 метри квадратни, со капацитет од вкупно 104 кревети (98 болнички и 6 кревети во интензивна нега), и исто толкав капацитет за сместување на по еден родител како придружба на детето, објави МИА.

„Денеска свечено го пуштеме во употреба новиот објект на Институтот кој почнавме да го грдиме во нашиот мандат во 2012 година и го завршивме во нашиот мандат. Станува збор за еден од најкрупните проекти во областа на здравството и инвестиција вредна околу 7 милиони евра“, порача премиерот Никола Груевски во говорот на отворањето.

Тој потсети дека Институтот има долга историја на прием и лекување на деца со белодробни заболувања и додаде дека голем број на генерации на деца, родители, доктори и медицински персонал имаат спомени од старите бараки во Козле кои биле изградени во 1965 година  како донација од Норвешката и Шведската влада за земјотресот.

Додаде дека објектот содржи и дневна болница со капацитет за згрижување на 30 до 40 деца, а тука ќе биде сместен и Центарот за цистична фиброза.

Министерот за здравство Никола Тодоров посочи дека Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле е единствена од ваков вид во државата, каде се лекуваат деца од 0-18 годишна возраст, со заболувања на белите дробови. Само во 2015 година се креирани 21.406 упати за 11.793 пациенти, на просечна возраст од 5,4 години. Лани биле издадени 28.147 упати за 13.925 пациенти, а пред почетокот на градежните работи во Институтот се издавале и до 40.000 упати, а во болницата имало приближно 4.000 лежечки пациенти годишно. Болницата располага со комплетно едуциран кадар и околу 60 отсто од докторите се едуцирани најмалку по 3 месеци во врвни и реномирани болници во странство.

Додаде дека објектот содржи и дневна болница со капацитет за згрижување на 30 до 40 деца, а тука ќе биде сместен и Центарот за цистична фиброза.

„Ветивме нова детска болница Козле и денес пред нас е резултатот од нашето ветување. Работиме посветено, неуморно, транспарентно, за денеска гордо и исправено да стоиме тука, пред уште еден доказ за реализирано благородно дело. Ова е голем ден за сите нас, особено за децата на кои што овој објект им е посветен. Пред нас е една комплетно нова и модерна болница, изградена од темел, и што е уште поважно изградена според најновите светски стандарди во оваа област. Околу 99 отсто од пациентите кои се лекуваат се со неспецифични заболувања како: пнеумонија, бронхопнеумонија, бронхитис опструенс, бронхитис опструенс акута, ларингитис акута, астма, нутритивни алергии, хронични опструктивни заболувања, ангини и др., додека околу 1 отсто од пациентите кои се лекуваат се пациенти со специфични заболувања, како туберкулоза во детска возраст, порача министерот Тодоров.

Тој посочи дека оваа установа претходно функционираше во многу стар, веќе дотраен објект од времен карактер и без посериозни инвестиции за целиот период на користењето на времените бараки.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе