Прв случај на ковид-19 по еден месец во Дебар

По точно еден месец, вчера во Дебар регистран е еден случај на заразен со ковид-19. Станува збор за жителка на Дебар, која е со лесна форма на болеста потврдуваат од работната едница на заводот за јавно здравје, која со својата актвност ја покрива и општина Центар Жупа.

Последниот случај беше регистриран на 19 ноември, жител на градот, кој во списокот на оздравени беше внесен на 9 декември.

Од почетокот на пандемијата, во двете општини вкупно 1.457 лица биле позитивни на опасниот вирус, а починале над 80 од нив.

Во меѓувреме дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Житинани, општина Центар Жупа, за нестапување по решение за задолжителна изолација.

“Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија", ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Р.Ѓ(23) од селото Житинени, општина Центар Жупа. При контрола извршена на први овој месец полициски службеници утврдиле дека тој не се наоѓа во неговиот дом, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Р.Ѓ., додава, не се придржувал до решението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат за задолжителна изолација како заштитна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе