Претседателот на Италија вечерва ќе дојде во Македонија

Претседателот на Италија Серџо Матарела вечер ќе пристигне во официјална посета на Македонија. Во Скопје, како што соопшти Амбасадата на Италија, претседателот Матарела утре ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски. По тет-а-тет средбата, заедно со нивните делегации, двајцата претседатели ќе одржат работна средба, а по нејзиното завршување предвидена е прес конференција.

Фото: Архива

По средбата со Пендаровски, Матарела ќе се упати во Собранието, каде што по разговорите со спикерот Талат Џафери, на свечена собраниска седница ќе има  обраќање пред пратениците.

Потоа, заедно со претседателот Пендаровски ќе се поклони на споменикот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас".

Претседателот Матарела утре во попладневните часови ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе има средба и со претставници на италијанската заедница во земјава

Легенда под Главна слика

Фото: Архива

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе