Претседателот Иванов на најдобрите студенти ќе им ги додели стипендиите „Борис Трајковски”

Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија, в петок свечено ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2013/2014 година.

Стипендиите традиционално се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис-администрација - МБА на Сити колеџот во Солун, Факултет за меѓународни студии, при Универзитетот „Шефилд" од Велика Британија.

Стипендиите ги обезбедија Министерството за образование и наука на Република Македонија и Универзитетот „Шефилд“.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе