Реакција

Aрсовски до министерот: Демантирајте ја премиерката Брнабиќ, а не мене

Гледам од Министерството за здравство бараат извинување од мене и од колегата Антонијо Милошоски што сме објавиле изјава на српската премиерка Брнабиќ, која во една реченица ја осуети цела Влада. Таа изјави: „Во Македонија добиле вакцини, ама не се регистрирани и практично се врши илегална вакцинација“. Јас немам намера да се извинам, се вели во реакцијата на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Го прашувам министерот Венко Филипче дали тој во име на Министерството за здравство побарал извинување од премиерката Брнабиќ за изјавата каде посочи дека илегално вакцинирале во Република Македонија, што всушност би значело дека лаже Брнабиќ? Ако од неа не побарале извинување за изјавата и не ја демантирале, тогаш би значело дека е вистина. Еве нека одговорат од Министерството за здравство и Венко Филипче“, се вели во реакцијата на Арсовски.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе