Ралевска е сестра на Гордана, сопругата на пратеникот Наумовски, која исто така, повеќепати се жалела на однесувањето на својот сопруг Васко Наумовски и го пријавувала за семејно насилство. Во тек е нивна бракоразводна парница, а вчерашниот инцидент се случил по расправија околу старателството на децата.
Од СВР Битола велат дека засега не можат да постапат по пријавата, бидејќи Ралевска е во болница и не може да даде изјава. Наумовски, кој вчера беше недостапен за коментар на инцидентот, денеска негира дека тој предизвикал насилство, и вели дека бил нападнат од сестрата на неговата сопруга и нејзини роднини. Инаку, вчера четири лица побарале помош во болницата, а самоРалевска била задржана на лекување и опсервација.
Битолските Социјалдеморати го осудија настанот и побараа оставка на Васко Наумовски од пратеничката функција, со коментар дека тоа не е првпат тој да предизвикува инциденти и семејно насилство и дека затоа полицијата годинава му го одзела оружјето.