Политика

Лажен профил на Фејсбук со име на сопругата на претседателот на државата, Стево Пендаровски бил отворен денеска, но со името Елизабета Пендаровска, а не Ѓоргиевска. Од овој профил се злоупотребуваaт лични информации на граѓаните и на него има објавено повеќе лажни постови, со кои се манипулира народот дека ќе се изберат 100 добитници по случаен избор, и ќе им бидат донирани по 5.000 евра.

16 Октомври 2021 - 14:59

Ако водечките политички, и не само политички структури во Република Северна Македонија не го сменат нивното однесување во билатералните односи, не можат да го очекуваат она што упорно го сугерираат - дека Бугарија ќе направи отстапки под надворешен притисок, изјавил за Бугарското национално радио, Ангел Димитров, шеф на бугарскиот тим во Заедничката историска комисија и прв амбасадор на Бугарија во Македонија по прогласувањето на независноста.

16 Октомври 2021 - 14:45

Гласањето на локалните избори за болните, немоќните и лицата со ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица, тече без проблеми, информираше на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

16 Октомври 2021 - 13:26

Мониторингот на Цивил утврдил дека денешното гласање на лицата во притвор и на издржување казна затвор започна навремено во сите казнено-поправните установи (КПУ), освен во КПУ Идризово, каде што гласањето започна во 8:20 часот.

16 Октомври 2021 - 12:49

За да биде избран некој кандидат за градоначалник во првиот круг условот е на изборите да излезат една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, а кандидатот да добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале.

16 Октомври 2021 - 08:43

По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, на полноќ заврши изборната кампања и почна изборниот молк пред утрешните локални избори.

16 Октомври 2021 - 08:26

Пописот е стручна статистичка операција, не политичка операција. Дали некому резултатите му се бендисуваат или не, не знаеме, ниту пак одговараме за тоа. Наша обврска беше реална слика на состојбите, вели директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски. Во интервју за МКД.мк и Республика тој објаснува дека не постои опција некој да го признае пописот, а за тие лица што јавно искажале бојкот на пописот ДЗС поведува постапка пред МВР, по што институциите си ја преземаат постапката. Изјавите на бугарски претставници за уценување на македонските Бугари на пописот ги нарекува политиканство, но целосно е разочаран од однесувањето на иселениците во прекуокеанските земји.

16 Октомври 2021 - 08:00

Министерството за одбрана на Бугарија започна инспекција во воените архиви за да утврди дали се чуваат карти, кои покажуваат каде точно се наоѓала теренската болница на 8-та пешадиска дивизија Тунџа. Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие можат да дадат повеќе информации за тоа дали има гробница на бугарски војници во областа на двата споменика во близина на Кавадарци или станува збор за историска хипотеза.

15 Октомври 2021 - 19:44

На прашањето кое МКД.мк го постави до Државната изборна комисија, како е можно Димитар Оровчанец, кој е актуелен советник во Општина Карпош од Нова Алтернатива во коалиција со СДСМ, да биде кандидат на листата за советници за Кисела Вода од редовите на СДСМ, добивме одговор дека тој ги исполнил условите да биде кандидат за советник во Кисела Вода. 

15 Октомври 2021 - 19:25

Македонија се најде на 64 место меѓу 139 држави на листата според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда за 2021 година, задржувајќи ја истата оценка од 0,54 индексни поени како и при ланската класификација.

15 Октомври 2021 - 19:23

Младите парови кои имаат искористено 3 ин витро оплодувања, преку ФЗОМ да имаат можност Општината да финансира до првото живо родено дете. „Воедно, фонд за сурогат мајки кои ќе добиваат финансиски надомест (за време на бременоста месечно да добиваат надомест во висина на минимална плата) за нивната заложба да им помогнат на оние парови кои не можат да имаат деца“, се вели во соопштението од Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на Општина Центар поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

15 Октомври 2021 - 18:22

Министерството за надворешни работи реагира на обвинувањата против земјава во врска со споменикот обележје за загинати 193 бугарски војници во Првата светска војна, во близина на трасата на експресниот пат Градско-Прилеп, делница „Фариш – Дреново” кај Кавадарци. 

15 Октомври 2021 - 16:22

Двата споменици на бугарските војници убиени во Првата светска војна, во близина на Кавадарци, кои се оддалечени еден и пол километар еден од друг, се целосно нечепнати, објави денеска Бугарската национална телевизија (БНТ) чија екипа е во потрага по „скандалот” за осквернавени бугарски гробишта за кој говореше претседателот Румен Радев.

15 Октомври 2021 - 16:08

Со изборниот собир кој ДУИ ќе го одржи во Гостивар се заокружува изборната кампања за локалните избори на 17 октомври, рече портпаролот Бујар Османи кој оцени дека станува збор за една од најдобрите и најпозитивните кампањи на партијата која во секоја општина каде што се натпреварува „го претстави иновативниот и креативен концепт за зелената агенда“.

15 Октомври 2021 - 15:31

 В недела одлучуваме во каков Центар сакаме да живееме. Јас сакам Центар да го видам како европска општина со среќни и насмеани граѓани, со поголеми зелени површини, чист со слободни тротоари и хумано градење, им порача на граѓаните Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и коалицијата во денешната изјава со која се завршува кампањата за локалните избори.

15 Октомври 2021 - 15:20

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе