Реакции

Зошто Вархеји молчи за транспарентите во бугарскиот Парламент дека Македонија е Бугарија?

Денеска објавеното интервју за Еуроактив на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во кое тој остро ја критикува опозицијата во Македонија, предизвика бурни реакции на истакнати македонски личности. „Прочитајте што вели бугарскиот застапник, еврокомесарот Вархеји, бар малце поскришно да држи страна. Вака ептен апла, навредливо е“, е само еден од коментарите.

Еве што напиша и Зоран Петров, потпретседателот на Демократскиот сојуз: „Пред еден месец во бугарскиот Парламент, опозициската партија Преродба излезе со транспаренти дека Македонија е бугарска. Ако некој се сеќава дека еврокомесарот Вархеји реагирал на таквото однесување на опозицијата во една земја - членка на ЕУ, замолувам јавно да го објави линкот“.

„Дрска порака од еврокомесарот“, „Еу-бирократот ‘се претера’ во советите за една суверена земја“... се само дел од коментарите.

Пред неполн месец, поранешниот евроамбасадор во Македонија Ерван Фуере на оваа тема за еврокомесарот напиша: „Вархеји да се засрами, покажувајќи грижа за Бугарија си отвори пат за оставка“.

Жана Трајковска од Македонскиот институт за медиуми напиша: „Еврокомесарот Оливер Вархеји ни кажа дека Албанија ги исполнила условите и достигнувањата и дека може да се случи од јуни заслужено да почне преговори, а ние да си продолжиме да си чекаме и чмаеме. Дали тоа значи дека мерит системот на ЕУ е различен за секого?! За нас е промена на име, јазик и историја, а за другите се нормални ЕУ услови за почеток на преговори?!

И ова сега треба ли да го нормализираме, дека не се вика промена на јазик и историја, туку немање отворени прашања со комшиите?!  Па колку е тоа ненормално?!“

Вархеји во интервјуто за Еуроактив кажа дека опозицијата во Македонија треба да се отрезни, ги помина демократските црвени линии. „Ова е момент за отрезнување за Северна Македонија, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета“, порачува Вархеји.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе