Апел до МВР и ОЈО да постапат

ЗНМ: Не може во кампања да се напаѓаат и навредуваат новинарите, а потоа да биде демократија

Регистрираните напади во последниве две недели се приближуваат до бројката на вкупни напади во оваа година, што говори за еден недозволив тренд, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Здружението на новинари Младен Чадиковски, осврнувајќи се на нападите врз медиумските работници за време на предизборната кампања за Локални избори 2021.

Тој побара надлежните, Министерството за внатрешни работи и Обвинителствата веднаш да постапуваат по тие случаи.

„Влегуваме во последната најнервозна фаза на кампањата. Предупредуваме дека сево ова мора веднаш на престане. МВР и Обвинителствата да регираат за да покажат дека нападите врз слободната мисла се недозволиви. Поднесовме претставки, повеќе пати и до МВР и до ДИК, за сите овие случувања и затоа очекуваме побрза реакција. Изборите ќе завршат на 31 октомври и ние новинарите нема да си легнеме со мислата дека до вчера беше кампања и се беше дозволено, а од денес почнува демократија. Сите овие случувања оставаат лузни на медиумската сцена и на демократската атмосфера во целата земја. Затоа бараме, не утре, реакција на надлежните уште веднаш и сега“, нагласи Чадиковски.

Претседателот на ЗНМ потенцираше дека во текот на изминатите недели сите бевме сведоци на повеќекратни тешки навреди, напади и исвиркувања, загрозување на личниот и професионалниот живот на новинарките и новинарите.

„Ја организиравме оваа прес-конфернеција на неколку денови пред Светскиот ден на неказнивоста на нападите врз новинари затоа што чувствуваме дека изборниот процес донесе премногу емоции кои се преточија во неприфатлив однос на дел од политичките актери, учесници во изборите, кандидати, партиски експоненти и партиски активисти“, наведе Чадиковски.

Тој констатираше дека креираната атмосфера е предупредувачка и мора веднаш да престане.

„Не станува збор ниту за една партија или кандидат, туку за различни политички провениенции“, додаде Чадиковски.

Медиумските работници, кои во изминатиот период ги доживеале немилите настани побараа итна рекација од страна на надлежните.

Како шти истакнаа, за новинарите искажаниот збор „тежи", за разлика од оние кои се „расфрлаат со ветувања, кои потоа не важат".

Пред присутните медиуми, се обрати новинарката Ферикан Арифи од Еуроњуз, која рече дека токму заради тоа што била жртва на вербални напади, стравува дека истите може да прераснат во физички напади. Ги повика надлежните институции да изреагираат навремено, да ја расветлат ситуацијата за да нема повторување на вакви или слични ситуации.

На настанот се обрати и новинарката Џумадије Ибраими од ТВ Клан која што исто така ја истакна сериозноста на ситуацијата во која што се нашла. Имено, новинарката била клеветена и уценувана од страна кандидатот на Алијанса за Албанците за градоначалник во Тетово, Вулнет Мурсели. Таа, повика на толерантност и почит кон нејзината работа, а воедно и работата на сите новинари.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе