ЗНМ и ССНМ: Итни субвенции за медиумите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) бараат од Владата да донесе итни мерки за олеснување на работата на медиумите во овој исклучително тежок период. Потребни се интервентни мерки во насока на финансиска поткрепа на новинарите и медиумските работници, се вели во соопштението.

„Да се доделат финансиски средства по вработен во висина на минималната плата, или сите медиуми да се ослободат од плаќање придонеси во следните два месеци. Истовремено бараме одложување од два месеци на плаќањето ДДВ кај фирмите кои се занимаваат со медиумска дејност.

По овие два месеци ќе се направи нова проценка со цел да се утврди дали има потреба мерките да бидат продолжени. Во услови на глобална пандемија на коронавирусот ваквите мерки ќе им овозможат на медиумите полесно да го пребродат овој тежок период кој за жал со себе носи негативни економски последици. Бараме главен предуслов за користење на овие бенефиции да биде неотпуштање на вработените (новинари и медиумски работници) во периодот додека траат мерките.

Ситуацијата во која се наоѓаме длабоко го погоди и приватниот сектор, а земајќи го тоа во предвид за медиумите станува сè потешко да опстојат на пазарот бидејќи огласувачите во овој период ги намалија своите реклами од медиумите. Со ваквите мерки ќе овозможиме сигурно работно место за сите вработени во медиумскиот сектор. Така ќе се се олесни финансискиот притисок врз медиумите и новинарите кои во оваа криза имаат клучна улога за информирање на јавноста.

ЗНМ, ССНМ и другите медиумски организации стојат на располагање во овој период со цел заедничко изнаоѓање на решенија за олеснување на работата на медиумите и новинарите“, соопштија новинарските здруженија.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе