Струга

Зијадин Села ќе ги урива дивоградбите крај кејот на Дрим

Зијадин Села, струшкиот градоначалник ќе ги урива сите диво изградени и поставени објекти во градот, а ќе почне од Кејот на реката Црни Дрим. Локалната самоуправа распишала тендер за избор на фирма која ќе ги урива дивите градби.

Според градоначалникот откако ќе биде избрана фирмата која тоа ќе го прави, на сопствениците на објектите ќе им биде даден рок од една недела сами да го остранат тоа што е вишок или да ги урнат бесправно поставените објекти.

„Ќе биде расчистен Дрим од двете негови страни. Ако не ги тргнат објектите во рок од седум дена, тогаш ќе ја информирам полицијата која ќе ги предупреди во рок од пет дена тоа да го направат. Ако и тогаш тоа не го направат, на терен ќе почне да дејствува фирмата за уривање“, изјавил Села, пренесе А1 он.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе