ДЕНЕСКА

Жители од струмичкото Турско маало побараа оставка од Заев

Аргументи за ваквото барање се дека лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев ветувал многу, а не исполнувал ништо. Жителите на Турско маало преку денешната конференција рекоа дека струмичани немаат асфалт, дел од нив живеат во смет и прашина како во 19 век, па побараа Заев да си замине од функцијата и да се распишат предвремени градоначалнички избори. 

Абди Демиров, жител на струмичкото Турското маало смета дека со заминувањето во Скопје, Заев Струмица ја оставил на цедило. Како што рече, Заев залудно се обидувал да биде сериозен политичар создавајќи нереални програми со голем број ветени, но нереализирани проекти.

„Ние граѓаните од овој дел од градот, сакаме да му поставиме неколку прашања на градоначалникот во заминување Зоран Заев. Каде е ветениот од вас одводен канал? Го ветивте да биде реализиран уште во 2012-та година. Дали улиците ’Бошко буха’, ’Бетовенова’ и патот кон гробиштата денес се реконструирани како што им ветивте на граѓаните кои живеат во тој дел од градот? Каде се новите канализации, тротоари, канделабри, новите клупи и канти за отпадоци кои им ги ветивте на граѓаните?  Каде се потрошените пари од буџетот на општината Струмица кои беа предвидени  за реализација на овие  проекти во вкупна вредност од 1.300.000 евра? Да ги потсетиме граѓаните на општина Струмица дека сме сведоци на овие дадени проекти од градоначалникот Заев кои се уште не се реализирани, останаа само празни ветувања и нереализирани проекти кои струмичани долго ќе ги паметат“, изјави на Демиров на конференцијата.

Неговиот сограѓанин Шукри Алиев, пак, вели дека  23 години живее на ’Бетовенова улица’. Имало ветувања дека ќе им стават асфалт, канализација, ама ништо нема исполнето.

„Привремено имаме ставено асфалт, привремено вода, се е искршено, ниту кола ни ништо не може да се качува горе.  Немаме ништо што ни ветуваа. Ние сме нешколувани луѓе, но на збор стоиме. Сакаме гласање, гласање даваме. Тие се школовани, нека им е срам на нив што не ни прават тоа што ветуваат. Ние сакаме да имаме асфалт, децата да не ни се разболуваат. Јас имам три ќерки, едната ми е со болест од мирис од нужда. Веќе немаме место каде да отвораме. Ќе ги молам нека ни стават асфалт, нека ни стават канализација, тоа е гробишта за сите малцинства тука. Ние сме едно село, а не 20-30 луѓе. Ги молам нека си стојат на збор, како ние што збориме“, рече Алиев.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе