Најава од министерката за одбрана

Жени во пензија на 38 години, мажи на 40 години, добро било да се биде војник

„Со измени на Законот за служба во Армијата ќе се стекнува правото на пензија со навршени 40, односно 38 години за армиските припаднички во висина од 80 проценти од најповолните 10 години работен стаж, со можност за исплата на опремнина на професионалните војници кои сакаат по завршување на 45 години старост да ја напуштат армијата и тоа ќе биде во висина од две просечни плати, но не помалку од илјада евра за секоја година помината во Армијата“, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа објави дека Македонија набавува современо оружје.

„Кон крајот на минатиот месец беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата, со кој сакаме да обезбедиме и обезбедуваме фер услови за работа на припадниците и валоризација на нивното место во нашето општество. Она што ме радува најмногу е што овие измени ги донесовме со голема поддршка исто како што во процесот за изработка на ова законско решение имавме силна соработка и сплотеност со сите чинители, и со Армијата и со синдикатите од областа на безбедноста“, истакна Петровска говорејќи за пензискиот праг.

На брифингот со новинарите, началникот на Генералштабот генерал - потполковникот Васко Ѓурчиновски информираше дека согласно новите измени за служба во Армијата, има голем интерес за заминување во пензија на професионалните војници под многу поволни услови. Тој нагласи дека покрај сите можности што им се нудат за пензионирање за лицата кои ќе заминат во пензија, а се во добра кондиција се планира да се ангажираат во концептот активна резерва која ќе се ефектуира во идно време.

Министерката информира дека утре, ден пред прославата на 30 години од формирањето на македонската армија, на воениот стадион ќе бидат изложени првите шест нови оклопни транспортери од американско производство кои неодамна пристигнаа и со кои, нагласи, значително се влијае на борбената готовност на армијата.

До крајот на годината ќе биде испорачана и нова пратка од 27 вакви возила и понатаму следуваат испораките согласно договорот, истакна Петровска.

Таа потенцира дека ќе набават и други системи кои ни се потребни, специјални возила за посебни намени, артилериски системи и муниција, против воздушен одбранбен систем, а нагласи и дека во наредниот период започнуваме и со обнова на нашата воздухопловна компонента.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе