Беса за политичките случувања

Зендели: „Огнените“ се внатрешна работа на ДУИ, но владејачкото мнозиство е загубено

Тоа што се случува во ДУИ, а се поврзува со „огнената група“ е внатрешна работа на таа партија и нема да коментирам, вели пратеникот Фадил Зендели од Беса. Тој на прашање на МИА вели дека засега нема да поднесат интерпелација за првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците Артан Груби. „Нема такво нешто во моментов“, рече Зендели, но не ја исклучи таа можност во иднина. Вчера за МКД.мк потпретседателот на Беса Арјанит Хоџа на прашањето за интерпелација за Груби изјави дека за тоа прашање партијата ќе информира во текот на неделата.  

Извесно е дека се анализира дали да се тестира владејачкото мнозинство во парламентот, од аспект на изјавите на „огнената група“ дека од лидерот на ДУИ бараат разрешување на Артан Груби.

Можно е Беса да го чека исходот од за денесака најавената средба на некогашниот вицепремиер и висок функционер Муса Џафери со Али Ахмети, на која се очекува присуство на уште неколкумина „огнени“. Потоа, би се донела евентуална одлука за интерпелација која би претставувала не само тест дали владејачкото мнозинство во моментов е навистина стабилно, туку и тест за единството во ДУИ, односно дали двајцата „огнени“ пратеници ќе одат спротивно на волјата на Ахмети кај кого Груби цела деценија ужива полна доверба.

„Огнените“ во моментов би требало да бројат и еден пратеник повеќе, односно со приклучувањето кон нив на поранешниот пратеник на Беса Кастриот Реџепи, за кого Изет Меџити објави дека се приклучил на пратеничката група на ДУИ. Ако кон потенцијалните гласачи контра Груби се приклучи и Скендер Реџепи, кој ја напушти сега владејачката Алтернатива, тогаш мнозинството од 64 пратеници се тенчи на само 60 пратеници. 

Пратеникот на Беса Зендели вели дека смета оти владејачките партии немаат мнозинство во парламентот..

„немаат мнозинство. Мислам дека власта на некој начин ја префрла вината на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии. ДУИ нѐ меша и нас, но во суштина проблемот е во самото мнозинство кое во Собранието нема капацитет и нема бројки односно мнозинство да ги реализира своите политики“, рече Зендели.

Во изјавата за МИА тој оценува дека пратениците кои се потписници на барањата на „огнената група" не се изјасниле дека ќе настапуваат самостојно или дека се против политиките на ДУИ.

Инаку, денешната средба во Мала Речица со лидерот на ДУИ Ахмети ќе биде второ соочување на дел од „огнените, откако во четвртокот, на 29 септември, Ахмети имаше состаноци со ограноците од Чаир и Сарај, а меѓу нив беа и Изет Меџити и Блерим Беџети. Тие оценија дека Ахмети е нивен пријател, но и додадоа дека не се задовопни од функционирањето на партијата во извршната власт. Ахмети рече дека ДУИ е национална гордост и дека дијалогот ќе продолжи, но дека не станува збор дека некој ќе формира нова партија.

Артан Груби потоа, во изјава за медиумите, рече дека одлуките ги носи Ахмети, а дека „огнените“ сите до еден биле построени зад лидерот.

П.Џ.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе