Здружението „Македонија“ од Пожаревац бара спомен плоча на загинатите Македонци во Првата светска војна

Здружението на Македонците од Браничевската околија „Македонија“ од Пожаревац има иницијатива за подигање спомен обележје во селото Петка за загинатите Македонци во Првата светска војна, како војници на Кралството Србија. За таа цел во посета на земјава е Гојко Илиевски, претседател на Здружението.

Илиевски денеска се сретна со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по што изјавил за МИА дека очекува поддршка од официјалните лица од нашата држава за реализација на неговото барање за изградба на спомен обележје.

Илиевски додаде дека од надлежните во Србија уште не може да добие согласност за изградба на спомен обележјето.

„Основната моја работа е изградба на споменик за сеќавање на Македонците. Јас формирав шест здруженија на Македонци. Барањето е испратено до српскиот претседател Александар Вучиќ. Но, никој за споменикот не сака да каже може или не може да се изгради. Имаме и писмо и до министерката за човекови и малцински права на Србија, имаме поднесено и барање до градоначалникот на Пожаревац да поднесе барање до српското Министерство за култура да ни каже дали ги исполнуваме условите или не, за изградба на овој споменик“, рече Илиевски.

Инаку, Гојко Илиевски е автор на повеќе книги, меѓу кои „Што се случи со нас“, „Вардарци почивајте во мир“, „Да се знае да не се заборави“, „Македонци – војници на Кралството Србија“.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе