Заврши средбата со Заев, Ахмети со соопштение ќе информира за преговорите

Процесот за формирање на новата влада започна со денешната средба меѓу мандатарот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. 

Средбата меѓу Заев и Ахмети се одржа во седиштето на СДСМ и траеше повеќе од два часа, но претседателот на ДУИ и на влегување и на заминување не даде изјава за медиумите, туку кусо порача дека за денешните разговори за состав на новата влада партијата ќе објави соопштение во текот на денот.

По оваа средба со Ахмети, следуваат и средби и преговори со другите партии од парламентарното мнозинство, односно со Движењето Беса и со Алијансата за Албанците.

Се очекува преговорите да се водат во текот на викендот.

Фото: Мета

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе

На заштитата на животната средина треба да се гледа како на животно важен дел од управувањето на државата.

повеќе