„Зависи од мене и од тебе“, кампања на Грковска за придонес во промените во општеството

Во какво општество живееме зависи од секој од нас. Секој од нас би требало да биде одговорен во делот на позицијата што ја има, е главната порака на кампањата „Зависи од мене и тебе“ што ја реализира вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска.

„Дали ќе одиме напред зависи од сите нас. И се разбира дека политичарите треба да бидат пример за тоа како треба одговорно, професионално, отчетно и чесно да ја вршат својата функција, да покажат како треба да изгледа политичар со интегритет кој работи за доброто на граѓаните, а не за личен интерес и таа порака да ја пренесе во сите сфери на општеството“, изјави Грковска за МРТ.

Според неа, во фокусот на кампањата се и младите, зашто целта е тие да добијат гласност во општеството и да дадат свој придонес во промените кои неизбежно мора да се случат.
На прашањето во однос на обуките за интегритет и добро владеење, Грковска вели дека преку Проектот за граѓанско учество на УСАИД опфатени биле седум средни училишта, 240 ученици и 180 вработени: директори, професори и друг кадар од седум средни училишта во земјава, а биле организирани и кампови и работилници за професорите и за младите за зајакнување на свеста за тоа што значи корупцијата.
„Младите се надежта на оваа држава, тоа не е некоја флоскула, меѓутоа зрелоста што ја покажуваат низ сите овие активности што ги имаме заедно со нив мене ми дава за право да заклучам дека имаме иднина со начинот на кој размислуваат. Младите треба да бидат оние кои ќе го донесат просперитетот, кои ќе влијаат на позитивните промени. Имаат шанса да направат модерно, демократско општество, да внесат позитивни промени#, рече Грковска.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе