Полемика меѓу Скендер Реџепи - Зејди и Алтернатива

Заради едноумието излегов од Алтернатива, вели Реџепи, а од партијата му порачаа: „Врати го мандатот“

„Чекав тесното раководство на партијата да донесе одлука со која ќе се подобри досегашното едноумие во партијата, но тие со последните одлуки, го продлабочија тоа едноумие, поради што неизбежна беше мојата одлука за независно политичко делување. Сум бил и продолжувам да бидам поборник на демократизација на политичките партии, а не истите да станат легла на приватни групи", изјави пратеникот Скендер Реџепи - Зејди. Од Алтернатива му порачуваат да го врати пратеничкиот мандат.

Во изјавата за Новатв Реџепи вели дека одлуката да ја напушти Алтернатива не била лесна, но нагласува дека била неминовна. Вели дека нема друга заднина во неговата одлука и дека со никого не се консултирал, туку, како што нагласува, проценил дека се истрошени сите чекори за враќање на демократските вредности во Алтернатива.

Од Алтернатива за МКД.мк велат дека му порачаа на Скендер Реџепи, ако има морал, да го врати пратеничкиот мандат бидејќи тој мандат го добил благодарение на партијата, во името и под логото на Алтернатива. 

Партијата смета дека сепак е индикативно повлекувањето на Реџепи „во моментот кога македонската опозиција организира протести против парламентарното мнозинство“, велат од владејачката Алтернатива.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе