Започна средбата Заев - Гаши

Малку пред 16 часот пристигна лидерот на Алтернатива Африм Гаши придружуван од свој партиски соработник, а премиерот Зоран Заев ги пречека  заедно со заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски. На средбата, според очекувањата, се разговара за проширување на владејачкото мнозинство со четирите пратеници на Алтернатива, како и за влез во Владата на оваа партија.

Ниту лидерот на Алтернатива Гаши, ниту премиерот Заев досега не дадоа конкретна најава за што точно ќе се разговара, односно каква ќе биде понудата на премиерот кон оваа, засега опозициска партија.

Гаши и при самото пристигнување на новинарските прашања само рече дека ќе даде изјава по средбата.

Во јавноста од синоќа актуелни се шпекулациите дека тој што на оваа средба ќе го придружува Заев од редот на СДСМ, дека тој ќе биде новиот мандатар. Ова денеска го демантира самиот премиер во изјава за Фокус, велејќи дека мандатар може да биде само претседател на СДСМ.

Со евентуален влез во Владата, владејачкото мнозинство ќе се зголеми на 64 пратеници, заедно со пратеникот Кастриот Реџепи кого Беса го исклучи откако не се појави на седницата за недоверба на Владата. Со такво мнозинство власта ќе може да оди на избор и на нова Влада со нов мандатар, доколку Заев поднесе оставка како и што најави по локалните избори.

Инаку, Алтернатива веќе еднаш беше дел од Владата составена од СДСМ, но од последните парламентарни избори дејствува како опозиција во коалиција со Алијанса за Албанците, со која настапи и на локалните избори.

Алтернатива се придружи на иницијативата за уривање на Владата која пропадна со отсуството на пратеникот од Беса Реџепи. Но, Гаши ниту во еден моменто пред или по седницата на Собранието не изјави дека Алтернатива ќе биде дел од нова Влада на ВМРО-ДПМНЕ, туку нагласуваше дека за такви прашања ќе се разговара и дека ќе се имаат предвид евроатланските интереси на државата.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе