Седница на Собранието за избор на нова Влада

Зајкова: Кризата ја обврзува Владата да работи двојно повеќе

„Изборот на оваа Влада го правиме во едно тешко време кога се соочуваме со здравствена, економска и енергетска криза што го зафати целиот свет, вклучително и нашата држава. Овие предизвици со кои се соочуваме и прашањата кои треба да ги решаваме го обврзуваат идниот премиер и министрите да работат двојно повеќе, да бидат двојно поодговорни и поефикасни бидејќи граѓаните тоа од нас го бараат, како од власта, така и од опозицијата“, рече пратеничката од ЛДП Моника Зајкова на седницата за избор на нова Влада.

За прорамата на мандатарот Димитар Ковачевски таа рече дека е амбициозна и дека во неа се вградени и заложби на Либерално демократската партија за поквалитетен живот на граѓаните.

„Ќе потенцирам само неколку од нив како: унапредување на демократијата, слободата и човековите права, младите во фокусот, регулација на криптосредствата, продолжување на процесот на децентрализација, декриминализација на канабисот, енергетска транзиција, измени на Изборниот законик. Верувам дека уште веднаш Владата ќе се зафати со прашањето за една икзборна единица“ рече Зајкова.

Според неа една од најзначајните политики е онаа за младите од Програмата на Владата, бидејќи истите се најмалку предмет на дискусија, а она што не засега сите младите да ги задржиме тука да ја градат сопствената иднина и перспектива.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе