По средбата со министерот Бујар Османи во Софија

Захариева: ЕУ не е Југославија, Бугарија нема потклекне на притисоци за Македонија

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, која вчера имаше средба со македонскиот колега Бујар Османи, утрово во телевизиско интервју рече дека Бугарија нема да отстапи од својата политика кон Македонија, нагласувајќи дека Европската Унија не може да ѝ наложи такво нешто, бидејќи „ЕУ не функционира како Југославија“.

Министерката за надворешни работи на Бугарија Захариева во утринско интервју на БТВ, на новинарското прашање може ли под притисок од Европската Унија Софија да го тргне ветото кон Македонија за отворање на пристапните преговори, одговори дека тоа не е можно.

„Треба граѓаните на Бугарија да разберат дека на нашата земја никој не може да ѝ наложи како да се однесува. Европската Унија не фунцкионира како Југославија. Ниту една земја членка на ЕУ, ниту пак САД, можат во иднина да извршат притисок врз Бугарија и на таков начин да овозможат пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ. Никој не може нам да нѝ наложи каква политика ќе водиме, рече Захариева.

Нејзината изјава во врска со бугарското вето кон Македонија доаѓа по вчерашната официјална средба со шефот на македонската дипломатија во Софија Бујар Османи, a денеска треба да се одржи нова средба на мешовитата македонско-бугарска комисија.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе