Порака од соседството

Захариева: Бугарија не го оспорува идентитетот, Македонија да не го оспорува Договорот

Со текот на годините, Бугарија отсекогаш била една од најсериозните поддржувачи на Северна Македонија и навистина сакам да ги повикам - ние потпишавме еден договор, двајцата премиери ги ставија потписите и не е добро да се оспорува она што го пишува таму, ја пренесува БГНЕС изјавата на бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

„Нашата цел е да ја признаеме заедничката историја, да ги чествуваме заедно оние херои кои се самоопределуваа како Бугари, но се бореле за идеалите на Македонија, која што,  што е проблемот да се каже, да, јазичната норма, која е официјална во нивниот Устав, започна во 1945 година и се заснова на бугарскиот јазик. Кој е проблемот да го кажат тоа? Ние не го оспоруваме нивниот идентитет, ние први кои ја признавме, тогаш Република Македонија. Не постои правна норма за признавање на нација и јазик“, изјави Захариева.

Уште во 1999 година имавме договор со Северна Македонија, кој беше потврден со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и во кој се договоривме како да се нарекува официјалниот јазик, според Уставите на двете држави. Тоа е формулата за која се согласивме и сакам да се придржуваме до неа“, додава Захариева.

Според неа, научниците, се разбира, можат да ја помогнат работата на дипломатите, но работата на Комисијата не смее да се политизира.

„Ако треба да бидам искрена, еднострано суспендирање на оваа Комисија од страна на Северна Македонија се чини дека ја политизира оваа Комисија“, смета Захариева.

Таа додава дека за да работи Комисијата треба да има состаноци, дури и на оддалеченост, а не го разбира тоа „средбите да запираат со аргумент дека таму претстојат избори“. Идејата е, како што вели Захариева, да се остават историчарите и експертите  да работат и тие самите да стигнат до заедничко решение за кое што ќе ги информираат политичарите, без овие да им се наметнуваат.

„Во последно време има над 100 публикации за Бугарија во Северна Македонија, како сите таму да го разбираат фудбалот и Бугарија, а за жал, тоа не е случај кога антибугарската тема е присутна на нивните избори. Мислам дека изборите минуваат, но соседите остануваат“, изјави Захариева.

„Секој може да се изјасни така како што се чувствува. Македонија е регион, на територијата на географската област Македонија живеат Бугари, Македонци, Роми, Албанци. Република Северна Македонија е држава. Тие ја оспоруваат нашата заедничка историја. Тие можат да го нарекуваат својот јазик како што сакаат, но кога го склучивме договорот со него се согласивме заедничката комисија да ја заврши работата до крај. Ние секогаш постапуваме искрено и одговорно, никогаш не сме ги изненадиле со нашите одлуки, тоа според мене е е европски пристап“, вели Захариева.

Таа потсети дека бугарското Собрание едногласно усвои Декларација за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија.

„Тоа беше фер пристап кон нашите соседи и таа наша позиција не е нова, ниту е од неодамна. Свесна сум дека пред изборите оваа тема е особено актуелна таму“, додаде Захариева.

Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев дека ако мешовитата Комисијата не почне со работа до јуни, Бугарија би можела да стави вето на старт на преговорите на земјава со ЕУ, Захариева вели дека инсистира таа да профункционира, бидејќи како што додава, престана со работи уште во ноември.

„Не сум ја видела преговарачката рамка и не можам да кажам дали Бугарија ќе стави вето на процесот на преговори. Во таквиот процес, потребна е согласност од сите земји (членки) за отворање на поглавјата, за преговорачкиот процес и за затворање на поглавја. Ова е долг процес и граѓаните на Македонија имаат најголем интерес да се прекине со реториката од времето на Титова Југославија, а тоа го гледаме последниве денови – потпишавме договор, но само го потпишавме, никој не презема никаков чекор да го спроведе“, додаде Захариева.

Според неа, Бугарската академија на науките (БАН) и МАНУ треба да седнат заеднички да поработат на ова прашање.

„Во Македонија, тие можат нивниот јазик да го нарекуваат како што сакаат, но кога го потпишавме Договорот уште во 1999 година и кога станува збор за потпишување други договори и билатерални формати, треба да се почитува тоа што е запишано“, вели Захариева.

Додава дека на оваа тема не се гледа рационално ниту од страна на историчарите, ниту од страна на граѓаните на двете земји.

„Сакам работите да ги гледаме порационално, без толку емоции и да сфатиме дека покажувањето зрелост и да се биде дел од европското семејство, значи исполнување на договорите што сте ги потпишале, а не да пристапуваш со реториката и минатото од Титова Југославија. Тоа не може да се прави ако сакате да бидете дел од ЕУ. Истото важи и за Бугарија – ако мислиме дека Македонците ќе кажат „да, ние сме Бугари“ и ќе почнеме да се нарекуваме Бугари – тоа нема да се случи, тоа не е реално. Но, за да изградиме навистина здраво пријателство, дозволете им на историчарите да седнат и да се усогласат за заеднички формулации, прослави и заеднички личности и да ги смениме учебниците за да ги научиме младите на вистината. Тоа е тоа што го сака Бугарија“, истакна Захариева.

Според неа, мора да се прави разлика меѓу заедничката и споделената историја меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„До еден момент таа е заедничка и никој не сака да го оспорува нивниот идентитет и нивната желба за нова нација и држава. Од друга страна, тие мора да се придржуваат кон тоа што го потпишаа. Тие мора да покажат зрелост, не можат да седнат на тркалезната маса и да имаат нерешени билатерални односи“, додаде таа.

Но, Захариева одби да ја коментира брошурата на БАН, во која јазикот во земјава се нарекува „севереномакедонски бугарски“.

„БАН може да објавува што сака, но за тоа како ќе ги потпишеме договорите со Северна Македонија, одлуките ги носат владите на двете држави“, изјави таа. 

 

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе