Во ова место важат мерките на Владата

Заглавените во планински викендички кај кризниот Дебар да комуницираат со ЦУК и полицијата, порача МВР

По објавената информација дека Огнен Зафировски (41) и Ристе Савевски (72), обајцата скопјани, веќе 11 дена се заглавени во викендички во Долно Мелничани во кризното подрачје Дебар и Центар Жупа, а според нивните информација во ова место има уште едно лице од Скопје, МВР ни одговори дека во ова место важат мерките на Владата. Од МВР им порачаа на овие лица да бидат во постојана комуникација со ЦУК, во насока на обезбедување на потребните средства за храна и средства за хигиена, а на располагање им стојат припадници на МВР и бесплатниот телефонски број за информации.

„Ве известуваме дека и во конкретниот случај важат сите одлуки и мерки кои Владата ги презема на подрачјето на градот Дебар , а се однесуваат на жителите на Дебар. Министерството за внатрешни работи во изминатиот период асистираше на извлекување на заглавени граѓани на викендичките, но тоа се однесуваше на селата Могорче, Осој, Гари и Лазарополе односно на селата кои гравитираат на општината Дебар и Центар Жупа, но географски се оддалечени. МВР апелира до граѓаните да бидат во постојана комуникација со ЦУК, во насока на обезбедување на потребните средства за храна и средства за хигиена, а на располагање им стојат припадници на МВР и бесплатниот телефонски број за информации", стои во одговорот на МВР.

Вчера МКД.мк објави информација дека веќе 12-ти ден скопјани се заглавени во викендички во Долно Мелничани во кризното подрачје Дебар и Центар Жупа и бараат да бидат евакуирани.

 

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе