Битка што трае цели 12 години

Загинаа за државата, а нема кој да ја исправи неправдата за нивните семејства

На ова злокобно место, на гробиштата на скопското село Брњарци, во јуни пред 12 години загинаа тројца бранители, припадници на полицијата, Атанас Јанев, Никола Пехчевски и Александар Стојчев.

На истото место на 23 јуни 2001 година, во акција за ослободување на Арачиново кај гробиштата, од артилериски оган тешко беше ранет Оливер Китановски, припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар“ Почина по пет дена, а имаше само 21 година. Грамадата од гробни плочи искршени од експлозијата на гранатата сведочи за овој трагичен настан, за кој со пресуда на Врховниот суд, по долгата и мачна битка, мајките што останаа без синови и децата што останаа без родител, не добија целосно обесштетување.

Четворицата бранители, како што сведочат нивни колеги, доброволно се пријавиле да учествуваат во првите редови во акцијата за ослободување на Арачиново.

Ако пред 12 години околностите под кои загинаа беа криени под назнаката „строго доверливо“, сега веќе отворено се зборува, а тоа го знаат и членовите на семејствата, дека полицајците загинале од пријателски оган. Поранешни разузнавачи повикувајќи се на официјалната документација, која досега не е обелоденета, тврдат дека поради некоординираност на Министерството за одбрана и на Министерството за внатрешни работи, кои функционираа во тогаш формираната широка влада, во акцијата за ослободување на Арачиново полицајците загинале од граната на македонската армија, а не во борба со припадниците на ОНА.

Дали овој строго чуван извештај би можел да фрли ново светло и да отвори нова постапка за обесштетување на семејствата засега е неизвесно.

Бранителите на правдата велат дека независно од овој факт, за семејствата на трагично загинатите припадници на МВР во конфликтот во 2001 година што не добија целосно обесштетување треба конечно да се отвори патот до правдата, а Врховниот суд да си ја признае грешката направена поради политички притисок, а не поради правично судење.

С.М.

Фото: Роберт Атанасовски

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе