Заев: За одлагање на изборите не зборувавме, во СДСМ сме убедени во победа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата во Владата рече дека за одлагање на изборите не се разговарало, но, тој смета дека е несериозно и неодговорно уште сега да се зборува за тоа прашање.

„Ќе ги чекаме информациите“, рече Заев и, како и останатите учесници на средбата, најави дека ќе изнајдат други начини за кампања, соодветни на ситуацијата, како компензација за големи собири.

На прашањето дали ќе си поднесе оставка на лидерската позиција ако СДСМ загуби на изборите, како што покажувале анкетите, Заев изјави дека нема ништо ново да каже за тоа, бидејќи „СДСМ ќе победи на овие избори“.

„Напротив сите анкети покажуваат дека водиме, а најрелевантната анкета е на денот на изборите. Ние сме убедени во победа и не помислуваме на други алтернативи, туку дека граѓаните ќе дадат чест и одговорност да ја водиме извршната власт“, рече Заев.

Лидерската средба во Владата ја опиша како продуктивна и конструктивна за решенијата на институциите за справување со коронавирусот.

„Добро е што сите сме на иста маса за тоа, бидејќи здравјето е над се. Здравјето е и мора да биде највисок приоритет и во таа насока се и најновите мерки на институциите. Овие мерки се за добро на сите граѓани и за нивна заштита и апелирам сите да не мрднеме ни милиметар од нив. Исто така, апелирам да се спротивставиме на лажните вести, бидејќи ширењето страв и паника е кривично дело. Најважно е да ги слушаме експертите и да нема политички делби по тоа прашање“, изјави Заев.

 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе