Премиерот повторно се огласи преку Фејсбук

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои говорат македонски јазик

„Продолжуваме да бараме решенија. Само така е европски, само така е македонски. Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик", овјави меѓу другото на својот Фејсбук - профил премиерот Зоран Заев.

„Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот.
Така е и сега. Гледаме напред, кон Европа, тоа е единствениот пат кон нашето подобро утре.
Изолациите ги оставаме во минатото бидејќи знаеме дека македонската иднина е европска. Во тоа име, продолжуваме да бараме решенија. Само така е европски, само така е македонски.
Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик“, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе