„Нема закажано средба помеѓу мене и Борисов. На ниво на работни групи под раководство на нашиот и бугарскиот министер за надворешни работи се разговара", соопштил премиерот во пишан одговор за ТВ21.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави можност за усвојување на „Патоказ“, односно усогласување на заеднички акциски план, кој би ги утврдил активностите за имплементација на Договорот меѓу двете земји.
Оваа идеја дојде од бугарската шефица на дипломатијата Екатерина Захариева.