Заев-Радев: Клучен за решавање на спорните прашања е дијалогот

Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Македонија. Ова е заедничкиот став на претседателот на Бугарија Румен Радев и на премиерот Зоран Заев, кои денеска остваријa телефонски разговор, соопшти вечерва Кабинетот на бугарскиот претседател.

Радев и Заев, како што е наведено во соопштението, разговарале за аспектите на билатералните односи меѓу двете земји, за ефективно почитување на правата на луѓето кои отворено се изјаснуваат како Бугари во Македонија, како и за нејзината европска перспектива, јави дописникот на МИА од Софија.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе