Заев призна дека снимката која Милошоски денеска ја однесе во обвинителство е автентична

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска призна дека снимката што ја презентираше пратеникот Антонио Милошоски е автентична. 

Заев вели дека нема ништо спорно во снимката.

„Секогаш кога зборуваме за маркетиншки пристап, тоа го зборуваме подеднакво за сите. Ако видите кога сме помагале на тогашната 1ТВ, истовремено сме помагале и на Сител и на Канал 5, но за тоа сме добиле сериозен маркетиншки простор преку кој сме имале простор да ги претставиме нашите политики. Гледате дека зборувам отворено во едно време кога немало никакви докази, ниту пак сум имал индиции, ни пак некој претставил нешто пред мене, шест месеци пред да се појави случајот Рекет и мене да ми биде презентиран. Како совесен претседател на влада, сум почуствувал одредено сомнително финансирање, па сум прашал од каде. Таму вика од фраерот од Хрватска и од некои други извори“, изјави Заев.

Тој додаде дека немал средба со поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева во претседателската резиденција, како што обвинува ВМРО-ДПМНЕ. „Не е точно дека тоа се случило. Треба да ги проверат тие податоци и анализи, како точно се обезбедени. Мојата последна средба со Јанева беше во Советот за реформи на правосудство во Владата“, изјави Заев.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе