Разговорите продолжуваат следната седмица

Заев по средбата со Гаши: Нашата покана е Алтернатива да биде дел од Владата

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, по денешната средба со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, рече дека било разговарано за неколку проблематики, за кои останува за време на викендот да размислат и во СДСМ и во Алтернатива, но и кај партнерите од владината коалиција.

Нашата покана е Алтернатива да биде дел од Владата. Таргетот пред нас се редовни избори, а не вонредни. Продолжуваат разговорите следната седмица. Како нешто ќе утврдиме, така и ќе ја информираме јавноста, рече Заев.

На средбата, Заев, рече дека им биле соопштени условите под кои понатаму би продолжиле разговорите.

„Ние ќе ги информираме следната недела за нив. Сите треба да водиме грижа за европската иднина на земјата и тоа е можно ако имаме стабилна влада и стабилно парламентарно мнозинство. Можно идно соработување ќе биде дефинирано, токму врз програмски принципи. Како ќе ги разговараме и договараме, така и ќе ги соопштуваме“, изјави Заев.

Разговаравме, нагласи Заев, за многу важни работи и секако треба да се вратиме во партиите, во СДСМ и Алтернатива, но и партнерите.

„Се очекуваат отстапки од сите не само од СДСМ, туку и ДУИ и сите партнери во владата да прават отстапки. Одлуката на крајот од нив може да бида да влезат, а може и да биде да на влезат. Тоа ми е соопштено денеска на средбата. Но, одлуките се носат на органи на париите“, изјави Заев по неколкучасовната средба со Гаши во Клубот на пратениците.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе