„Забелешките од опозицијата се конфузни”

Заев: Ообвинителите да се бираат преку системски решенија, а не да ги именуваат политичари

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е уверен дека може да се најде двотретинско мнозинство за донесување на законот за Јавно обвинителство и вели дека политичарите се должни кон државата законот да се најде пред пратениците пред распуштањето на Собранието. 

Заев се надева дека Владата следната недела ќе го испрати до Собранието Предлог-законот и ќе се одржи и јавна расправа, а за 

забелешките на опозицијата вели дека се конфузни. Решението за законот, како што вели, треба да биде кристално чисто кое ќе гарантира владеење на правото.

„Јавните обвинители имаат право да конкурираат како сите, без некој некому да гарантира, за сите да важат подеднакви услови, тоа е нешто со кое ЕУ нема проблем и ние немаме проблем. Но, имаме проблем со прашањето политичари да именуваат обвинители, имаме проблем политичарите да ја одлучуваат иднината на предметите. Треба да го оставиме системот и со системски решенија да се бира државниот обвинител, обвинителот за организиран криминал и сите обвинители. Исто така, предметите сегашни, идни и минати мора да бидат осигурани. Самиот закон предвидува осигурување на предметите, односно тие се веќе во судска процедура, и треба да имаме предвид дека за тоа треба да биде одлучувано независно, а не политичарите тајно да седнат и за тоа да одлучуваат”, рече Заев.

 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе