По повлекувањето на авансот

Заев деновиве очекува „утовар“ на кинеските вакцини за Македонија

Премиерот Зоран Заев очекува овие денови да има информација од Кина кога ќе почне утоварот на вакцините. Тој денеска во изјава за медиумите рече дека сѐ е направено во делот на постапките со цел вакцините што е можно побрзо да дојдат во земјава.

 За авансот за кинеските вакцини, рече дека е повлечен затоа што се чекала потврда од Министерството за надворешни работи на Кина.

„Авансот е пуштен како дел од процедурата. Парите се тука, на истата сметка на Министерството за здравство. Денеска очекувам позитивна информација за постапката што е започната. Денови се во прашање кога ќе може да се потврди утовар за да дојдат вакцините во Северна Македонија", изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по промовирање на проектот за реконструкција на Универзалната сала.

Заев вели дека никаде во светот никој не може со точност да каже кога кој тип на вакцина, кога ќе пристигне.

Според премиерот, има и втора постапка за набавка на уште 200 илјади дози од кинеската вакцина, а, како што рече, формализирани се и документите за набавка на руската вакцина „Спутник".

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе