Лидерот на СДСМ ден по изборите на Фејсбук

Заев: Ние сме борбата против злото, сега е најважно обединувањето

„Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото. Ние сме борбата против злото“, вели во својата порака објавена преку Фејсбук лидерот на СДСМ Зоран Заев. Сега е најважно обединувањето, нагласува Заев.

Во својата порака на Фејсбук лидерот на СДСМ Заев напиша:

„Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото. Ние сме борбата против злото. Сите ние, секој од нас.

Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и ќе ја добијат нашата мобилизација.
Граѓаните сакаат земјата и општините да ни одат напред и ние мораме да го дадеме максимумот за тоа да се случи.

Влегуваме во вториот круг и во борба за секој еден град и за правецот на нашата земја. Сега е најважно обединувањето.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе