„Недозволиво е мешање на една земја во друга“

Заев: Не треба Бугарија да испраќа разузнавачки служби, правата на Бугарите не се нарушени

Недозволиво е мешање на една туѓа земја во друга, вели премиерот Зоран Заев за наводите на бугарскиот претседател, Румен Радев кој вчера побара од бугарските служби да сторат сѐ што можат и да преземат мерки за да ги одбранат правата на Бугарите во Македонија.

„Јас се надевам дека е информативен состанок на кој сакаат да соберат информации од граѓани коишто се со бугарска определба, ако некаде некои права не се признаени или се непочитувани. Недозволиво е мешање на туѓа земја во туѓа земја. Ние тоа сме го декларирале во Договорот за пријателство со Бугарија и не само тоа, во разговорите одиме и понатаму, немешање во малцинства, затоа што тоа се решава при Совет на Европа“, изјави Заев, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашната реакција од Радев.

Според него, не треба да се испраќаат никакви разузнувачки служби, бидејќи Владата стои на располагање за да одговори на сите прашања, а во земјава никому не му се нарушени правата, па ниту на граѓаните кои се декларираат како Бугари.

„Иако во Уставот немаме етничка припадност Бугари, на пописот секој може да се одредели бидејќи прашањето ќе гласи на која етничка заедница ѝ припаѓате. Ние сме мултиетничка заедница, ги почитуваме правата на сите заедници во земјава, дури и на оние најмалите. Испраќам силна порака до соседна Бугарија да бидеме внимателни, затоа што секогаш сме знаеле да дадеме одговор на секоја нивна загриженост, а и тие на наша. Да не потпаѓаме под какви било провокации. Ние сме земји членки на НАТО, не ни треба испраќање на разузнувачки служба да ги утврдат правата на граѓаните. Правата на граѓаните се светост. Јас се надевам дека тоа било информативен состанок оти недозволиво е мешање на една држава во друга држава, тоа е предвидено и со Договорот за добрососедство“, рече Заев.

Претходно, денеска, бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева

За БНТ изјави дека над 100.000 граѓани во Македонија имаат бугарско државјанство, но тие понекогаш се заплашувани и покрај тоа што живееме во 21 век. Таа рече дека Бугарија води доследна политика и побара правда за Бугарите во Македонија.

„Ние сме многу доследни во политиката. Некои луѓе таму беа многу изненадени поради тоа што кажавме ‘не‘ за преговарачка рамка. Позицијата на Бугарија сепак е иста од 2019 година. Сметаме дека има забавено исполнување или недостиг на исполнување на задачите од македонска страна на Договорот за добрососедство. Претходно имаше раздвижување во сите сфери, но од почетокот на 2019 година од кога станаа членка на НАТО почна недоследно исполнување. Ние реагираме за секој случај и се надеваме дека тоа нема да се повторува. Над 100.000 граѓани имаат и бугарско државјанство и понекогаш се заплашувани. Сепак недопустиво е во 21 век да не се признаваат правата на самоопределување“, вели Захариева.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе