По најавата дека Фрчкоски ќе биде амбасадор во ОН

Заев: Не можеме да испратиме амбасадори затоа што Милошоски ја злоупотребува позицијата

Имаме одлука професрот Фрчкоски да биде амбасадор во ОН, а тоа не сака да го овозможи претседателот на соодветната собраниска комисија кој ја зпоупотребува постапката, изјави премиерот Зоран Заев и оцени дека е крупен проблем за државата и нејзиниот имиџ кога постојат одлуки за сите испразнети амбасадорски места, а не можат да се реализираат. Во врска со „ерменската афера“, вели дека до Министерството за правда нема пристигнато постапка за потоа да се бара екстрадиција на дипломатот Миле Миленкоски кој е во притвор во Србија.

Злоупотребата на постапката за изборот и акредитирањето на амбасадорите од страна на претседателот на Комисијата за надворешни работи во Собранието навистина претставува крупен проблем за државата, рече Заев, но верува дека решение сепак ќе се изнајде до крајот на годината.

„Последното случување е со нашиот избран, односно предложен кандидат за амбасадор во ОН, професорот Љубомир Фрчкоски, каде што директно претседателот на Комисијата вели дека нема да дозволи тој да биде испратен. Имаме непополнети места во Софија и во Белград, во соседни земји. Треба брзо да одлучуваме, имаме непополнети места во Вашингтон, непополнети места во Белгија, во Словачка, во Израел, во Турција и тоа се сериозни позиции каде што треба да донесеме брзо одлука“, изјави Заев.

Тој упати апел да се овозможи носење на одлуките, односно одлуките на МНР, на Владата и на шефот на државата со цел да се избегне непријатниот статус на нашата земја со не испраќање на наши амбасадори во пријателски земји.

„Верувам дека законот ќе се почитува, зашто презентирањето на своите тези од страна на кандидатите за амбасадори пред парламентот се една куртоазија, па оттаму е неразбирлива блокадата. Тогаш апелирам и до МНР,  до сите членови на Владата и до претседателот на државата Пендаровски да ги носиме одлуките соодветни за да ги пополните овие амбасадорски места. Верувам дека до крајот на годината ќе изнајдеме решение бидејќи сега за време на избори не може да се носат одлуките. Решението е за сите овие испразнети места да бидат не само избрани кандидатите, туку и да бидат испратени. Првиот интерес мора да остане имиџот на државата и нашата поставеност према пријателските земји“, нагласи Заев.

По вчерашното прогласување персона нон грата на нашиот дипломат од Русија, Заев посочи дека во Амбасадата во Москва останува да ги обавува своите обврски вршител на должноста, а дека наскоро ќе биде упатен новиот амбасадор акредитиран за Руската Федерација кој ги помина сите чекори до упатувањето.

„Знаете дека тој помина и во парламентот на Комисијата за надворешни работи и тоа е веќе завршена работа така што ќе имаме секогаш наши претставници во Руската Федерација“, изјави Заев.

Во однос на аферата „Ерменска врска", Заев посочи дека до Министерството за правда нема стигнато одредена постапка, што е законска основа, да се побара екстрадиција на наш граѓанин.

„Како држава навремено ги преземаме сите дејствија за да ги добиеме сите неопходни информации и верувам дека веднаш штом ќе ги имаме сите детали и информации, веднаш ќе делуваме“, изјави Заев.

Тоа што го знам од семејството и од министерот за правда, посочи Заев, е дека се уште се чекаат информации и детали, што е сомневањето и што всушност се случило, затоа што, како што посочи, тоа што го видовме во медиумите апсолутно нема врска и се работи за друг случај.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе