Заев најави стабилна влада со четиригодишен мандат, составот го очекува за 10-15 дена

Лидерот на СДСМ и избран пратеник, Зоран Заев, по конститутивната седница на Собранието најави разговори за формирање стабилна влада која ќе истера четиригодишен мандат и кажа дека исходот од преговорите го очекува за 10 до 15 дена.

Заев изјави дека ќе разговара со лидерите на политичките партии и штом има некаков напредок, партијата ќе ја информира јавноста.

„Државата им припаѓа на сите подеднакво. Од денеска почнуваме преговори за четиригодишен полн мандат кој ќе ни донесе четиригодишна влада која е подготвена да сработи. Ќе разговараме за влада која се грижи за сите граѓани ослободена од етнички предрасуди и која нема никакви дилеми – Северна Македонија, едно општество за сите. Ќе разговараме за влада која ќе се бори против корупцијата и криминалот. Особено внимание ќе се посвети на делот за прочистување на судството и потеклото на капитал кај секој функционер“, рече Заев.

Според него, еден од приоритетите ќе биде и сериозната реформа во администрацијата и нејзиното намалување за 20 проценти, помалиот број на министри, односно кратење ќе има кај министрите без ресор.

Во фокусот на идната влада, како што најави Заев, ќе биде и економијата, продолжување на растот на платите, вложувањето во младите, рамномерниот регионален развој, поддршката за прватниот сектор и грижата за најсиромашните.

Тој не одговори директно дали останува на ставот дека коалиција со ДУИ не вреди ни пет пари, посочувајќи ги условите за формирањето на владата и најави дека преговорите ќе почнат веќе денес.

„Ќе ги слушнеме понудите и размислувањата од сите политички партии и врз основа на тоа ќе оцениме како ќе пресечеме. На граѓаните им треба премиер што ќе работи, а не што ќе исполнува политички агенди“, порача Заев.

Во врска со тврдењата од опозицијата дека новата влада ќе биде нестабилна и краткотрајна, Заев оцени дека парламентарни избори ќе има во 2024 година, порачувајќи му на Мицкоски да не ја лаже јавноста.

„Опции имаме со ДУИ, Алијансата за Албанците и со Алтернатива. Новата влада ќе биде за четири години и јас сум убеден во тоа“, рече Заев.

Според него, бројките се доволно големи за да бидат гаранција за стабилна влада.

„Во услови кога немаме проблем со Грција и Бугарија, кога немаме проблем со меѓуетничките односи, останува само да работиме внатре. Тоа и вербата моја и на раководството на СДСМ е втора гаранција за успешни четири години“, додаде Заев.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе