Од Виница

Заев најави етнички мешана коалиција за изборите и „пола-пола” машко-женски кандидатски листи

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска од Виница најави предност на својата партија во однос на коалициското договарање за претстојните избори со сите партии, а особено со оние од албанскиот политички блок и рече дека преговорите би завршиле до 9 март, кога ќе се одржи партискиот конгрес за утврдување на кандидатските листи за пратеници.

Заев не пррцизираше со кои партии од албанскиот блок разговара за изборна коалиција, но потсети на соработката со ДУИ.

„Со ДУИ ги решивме крупните политички прашања, а ние сме единствена партија која има спектар на избор за соработка со албанските партии, така што очекувам дека ќе најдеме сили првпат да направиме предизборна коалиција со партии од албанскиот блок. Коалицијата ќе биде задржана и малку проширена, а тоа нема да биде подоцна од 9 март, кога е закажан конгресот на СДСМ. Тоа ни дава за право да бидеме фаворити на овие избори. Ги завршивме разговорите со досегашните коалициски партнери, а веќе разговараме и со нови. Ќе продолжиме до крајот на следната недела, кога ќе го објавиме заокружувањето на процесот на коалициското договарање, а имаме околу 27 политички субјекти. Лично сум задоволен од преговорите, затоа што зборуваме за вредности, за програми, за давање збор, нешто што мора да нè спои, како и за преземање одговорност и во парламентарната и во извршната власт“, изјави Заев.

Пред медиумите тој најавува уште една новина за претстојните избори, односно поделба пола-пола во однос на родовата застапеност на листите на кандидати за пратеници и информираше дека завршило предлагањето на можни кандидати во месните одбори и општинските организации на партијата.

„Извршните одбори ги прават конкретните одлуки согласно критериумите, за потоа да поминат во следната фаза, кога имињата на сите кандидати ќе бидат доставени до Централниот одбор. Таму ќе ги пречека сериозна комисија за селекција составена од меѓународни и домашни експерти, а на крајот преку анкети ќе ги слушнеме граѓаните за тоа кој е оној што најдобро би ги претставувал. Морам да споменам дека имаме нов квалитет. Овој пат ќе имаме машко-женски листи како еден нов модел, односно 50 отсто мажи и 50 отсто жени. Ова е сериозен и храбар чекор што го правиме и е вреден затоа што ќе го вклучиме недоволно искористениот женски потенцијал во државата“, истакнува Заев.

Во врска со најавите од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за преземање на досегашни коалициски партнери на власта, Заев рече дека оваа партија треба да се реформира во однос на градењето на политики, ставови и стратегии, зашто во спротивно уште долго ќе остане во опозиција.

 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе