ПИСМО ОД СДСМ ДО ДУИ

Заев му пратил документи на Ахмети, неделава се очекува интензивирање на преговорите

Денеска СДСМ на лидерот на ДУИ Али Ахмети писмено му ги испратил предлозите за владина коалиција. За ТВ 24 оваа информација ја потврдиле од двете партии.

Во ДУИ е најавена седница на централното претседателство за предлозите на СДСМ. Она што се дознава е дека во дел од материјалите има и измени во Законот за употреба на јазиците.

Во раководството на ДУИ едни велат дека не треба, а потпретседателот на партијата Невзат Бејта, кој отворено даде поддршка на коалицијата со СДСМ, рече дека нова влада треба да се формира што е можно побрзо.

Се претпоставува дека дел од предлозите на СДСМ се однесуваат и на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО и за мандатот на Специјалното јавно обвинителство. Претставници на двете партии преговараат и за делови од нивните изборни платформи.

Али Ахмети вели дека треба да се исполнат очекувањата на граѓаните, па нема причини за брзање. Тој потврди дека тема на преговорите ќе биде и разгледувањето и расветлувањето на оспорените случаи како Монструм, Сопот, Куманово, прислушувањето...

По средбите кај претседателот Иванов, Ахмети од Заев побара писмени гаранции за барањата на ДУИ како услов за формирање нова влада.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе